Кривична пријава за дебранец за изнуда на пари

Жител на Дебар заработи кривична пријава поради изнуда на пари од свој сограѓанин.

– Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против Р.Т.(51) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „изнуда”. Тој, на деветти август годинава од својот сограѓанин А.С. побарал пари, но не ги добил истите, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека откако Р.Т. не ја добил бараната сума пари, физички го нападнал сограѓанинот А.С. нанесувајќи му повреди во пределот на главата.

Димоски информираше дека во изминатите два дена на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, кои со својата активност ги покрива ОВР-Дебар, издадени се седумдесеттина прекршочни платни налози за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот