Кривична пријава за 63-годишен жител на Чегрене кој земал 1.500 евра од соседот за да го вработи син му

Македонска полиција/ Фото: Миа

Кривична пријава против 63-годишен жител на село Чегрене, поднесе полицијата поради основано сомневање дека во мај 2019 година од соселанец земал 1 500 евра, ветувајќи му дека ќе го вработи син му во државна фирма.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против 63-годишниот Н.М.(63) од село Чегране поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”, информираат од МВР.

– Пријавениот во мај 2019, со намера да прибави противправна имотна корист, го довел во заблуда оштетениот Ј.А.(64) од Гостивар, ветувајќи му дека ќе го вработи неговиот син во државна фирма поради што во два наврата му зел вкупна сума од 1.500 евра, а ветувањето не го исполнил, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот