Кристалина Георгиева е единствениот кандидат за прв човек на ММФ

Архива на СП

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) потврди дека Кристалина Георгиева, актуелниот извршен директор, е единствениот кандидат да ја води меѓународната финансиска институција по истекот на нејзиниот прв мандат подоцна оваа година.

Ваквата најава го прави речиси сигурно враќањето на Георгиева на чело на ММФ по истекот на нејзиниот мандат на 30 септември, пренесува Фена. Според контроверзниот, повеќедецениски договор меѓу Европа и Соединетите Американски Држави, ММФ го води Европеец, а Светската банка американски државјанин. Шефот на ММФ е Европеец, Светска банка е на чело на Американец Ваквиот непишан аранжман беше потврден минатата година кога администрацијата на Бајден го номинираше Аџеј Банга, роден во Индија, но натурализиран американски државјанин, да ја води Светската банка.

Бугарската државјанка Георгиева го води ММФ од 2019 година и минатиот месец изјави за АФП дека се става на располагање да „служи, ако луѓето сакаат таа да служи“. За време на мандатот на Георгиева, ММФ им помагаше на земјите кои се соочија со финансиски тешкотии за време на пандемијата, како и со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот