Кремљ не исклучува нова средба меѓу шефовите на руското и американското разузнавање

Сергеј Наришкин (Фото: Википедија)

Кремљ денеска соопшти дека новата средба меѓу шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс би можела да биде од корист, без да даде индикации кога тоа би можело да се случи.

На нивниот состанок во Анкара во ноември минатата година, Барнс, според американските претставници, ја предупредил Русија за последиците од употребата на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници. Наришкин за агенцијата ТАСС изјави дека е „можен“ нов состанок.

Портпаролот на Кремљ Димитриј Песков рече дека средбата „не може да се исклучи“ и дека „овој тип на дијалог има смисла“, додавајќи дека не знае ништо за датумите. Бaрнс, кој зборува руски, беше испратен во Москва кон крајот на 2021 година за да го предупреди Путин за трупањето војници околу Украина.

Во 2019 година, Барнс напиша мемоари со наслов „Неформални канали“. Руската инвазија на Москва ја предизвика најтешката криза во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Дијалогот со САД е замрзнат.

По новогодишната порака Путин испрати сигнал дека нема намера да отстапи и испрати суперсонични ракети кон Атлантикот и назначи нов генерал да ја води војната. Наришкин, шефот на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), во еден од неговите ретки настапи рече дека Русија и Кина соработуваат сеопфатно и дека Москва развива разузнавачко партнерство и со Иран.

Главниот разузнавач на Путин потврди и дека во неколку наврати разговарал со шефовите на разузнавачките агенции на неколку европски земји во врска со ситуацијата во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот