Креирана мобилна апликација за тестирање ковид

Ковид потврди во Италија / Фото EPA-EFE/MAURIZIO BRAMBATTI

Научници тврдат дека развиле апликација за мобилни телефони што може со висока прецизност да детектира заразеност со Ковид-19 преку анализа на гласот.

Всушност, се работи за модел на вештачка интелигенција со 89 отсто точност. Како што се појаснува, цената не е висока, па може да се користи и во земји со ниски приходи каде ПЦР тестовите се скапи.

Резултатите се добиваат за помалку од една минута.

Технологијата е развиена врз основа на податоци од апликацијата „КОВИД-19 Саундс” на Универзитетот Кембриџ, јави Скај њуз.

Вклучени се 893 аудио снимки на 4.352 здрави и болни лица. Тие дале податоци за својата историја на болести, навеле дали се пушачи, а потоа ги снимале своите респираторни звуци како кашлање и читале кратки реченици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот