„Кралско“ засилување за Арсенал

Екипата на Арсенал конечно успеа да донесе големо засилување за наредната сезона. На „Емирати“ пристигна засилувањето од Реал Мадрид, Дани Себаљос во наредната сезона ќе настапува за Арсенал како позајмен фудбалер.

Арсенал го прифати тоа што екипата на Милан не сакаше да го прифати, на крајот од сезоната „топчиите“ нема да имаат право да го откупат договорот на Себаљос туку младиот шпански репрезентативец ќе се врати на „Сантијаго Бернабеу“. Арсенал исто така се согласи да ја покрие платата на Себаљос за наредната сезона која изнесува три милиони евра.

– Мило ми е што Дани ни се приклучи во Арсенал. Тој е талентиран фудбалер кого го краси голема креативност – изјави Унаи Емери, менаџерот на Арсенал.

Себаљос беше прогласен за најдобар фудбалер на штотуку завршеното Европско првенство за фудбалери до 21 година на кое Шпанија триумфира, а досега во дресот на Реал Мадрид настапи на 56 натпревари на кои постигна пет голови и имаше две асистенции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот