Кралицата Елизабета за првпат од март се појави во јавност без маска (ФОТО)

Profimedia
Фото: George Rogers / Sipa Press / Profimedia

Британската кралица Елизабета за првпат се појави во јавност од воведувањето на карантинот во март.

Кралицата карантинот го помина во дворецот Виндзор. Формалната причина за појавувањето беше отворањето на нова лабораторија.

Лабораторијата во Портон Даун во југозападна Англија е познат тоа што го идентификуваше нервниот агенс новичок со кој беше отруен бившиот двоен шпион Сергеј Скрипаљ и неговата ќерка Јулија во градот Солсбери.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Кралицата беше фотографирана заедно со внукот, принцот Вилијам без маски. Таа стигна со хеликоптер, одвоено од Вилијам.

Тие го посетиле центарот за анализа на енергетика, каде им биле покажани форензичките истраги од експлозиви, како и енергетското одделение каде ги виделе наоружувањето и тактиките кои се користат во контразузнавачки работи.

Кралицата Елизабета на крајот ја откри плочата на лабораторијата и се потпишала во книгата на посетители.

„Па тоа докажува дека бевме тука, зарем не?“, се нашали таа.

Фото: George Rogers / Sipa Press / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот