Крадци оперирале низ викендици во Дојран, определен притвор за едно лице

Илустрација за кражба / Фото: Isopix / Shutterstock Editorial / Profimedia

Полицијата вчера ги уапси 27-годишниот Р.Б. од село Николиќ и С.С.(31) од Нов Дојран.  Јавното обвинителство Гевгелија денеска поведе постапка против едно лице бидејќи во период од мај 2021 до 19 септември годинава крадел предмети, мебел и апарати од викендици на различни локации во Стар и Нов Дојран, додека сопствениците не престојувале во нив.

Меѓу ограбените се и објекти на две правни лица, од каде биле одземени целосно системите за видео надзор – камери и ресивери, телевизори, клима уреди и друга опрема – соопшти ОЈО.

Осомничениот влегувал во објектите со провалување или кршење со намера да одземе туѓи подвижни предмети од поголема вредност и противправно да ги присвои, и на тој начин прибавил за себе противправна имотна корист во вкупна вредност од 2.254.350 денари.

По предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка на осомничениот му определи мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот