Кожуф побара подобро судење, во спротивно најави повлекување од ВМФЛ

Фото: ФК Кожуф

Во викендот кој е зад нас второлигашот Кожуф беше поразен од Вардар Неготино со 0:1. По овој натпревар челниците на клубот од Гевгелија одлучија да испратат соопштение со кое се жалат на арбитражата.

Гевгеличаните се пожалија дека се оштетени на овој натпревар, но и на натпреварите против: Тетекс, Башкими, Новаци и Караорман.

Од Кожуф бараат Судиската комисија да ги разгледа спорните натпревари и да реагира во спротивно најавуваат дури и повлекување од ВМФЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот