Ковид биланс: 188 новозаразени, тројца починати, 119 оздравени

Инфективна клиника / Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.245 тестови, а регистрирани се 188 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 123, Битола – 18, Кавадарци – 10, Прилеп – 6, Куманово – 5, Штип и Делчево – по 4, Гостивар, Охрид, Кочани и Гевгелија – по 2, Тетово, Велес, Струмица, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (188), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 119 оздравени пациенти од: Скопје – 86, Битола – 7, Куманово и Охрид – по 6, Кавдарци -4, Гевгелија – 3, Кичево – 2, Гостивар, Кочани, Струга , Свети Николе и Виница – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, се регистрирани 3 починати лица од: Скопје (79г), Куманово (84г) и Прилеп (88г) , сите лица се починати во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица ( 3 ), кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.245 тестови преку: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-97, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-28, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-54, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-26, Авицена-70, Биотек-53, Систина-35, лабораторија Лаор-123, Синлаб-6, Ремедика-1, Плодност-47, Генеа-5, Никоб Лаб-188, ВФВ Медикал-65, Ели Медика Плус-21, Ројал Медика–12, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.024.

Досега во земјата се направени вкупно 1.953.866 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 305.066, бројот на оздравени пациенти е 293.819, на починати е 9.206, а бројот на активни случаи изнесува 2.041.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот