Силен пробив на ковид-19 на Нефрологија: Заболени девет лекари, осум медицински сестри, лаборант, психолог и тројца болничари

На Клиниката за нефрологија има девет лекари, осум медицински сестри, по еден лаборант и психолог и тројца болничари кои во моментот се заразени со ковид-19, информираат од Министерството за здравство (МЗ). Меѓу заразените и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ.

Изворот за заразата, како што посочуваат од МЗ, сè уште не е конкретизиран со оглед на тоа што во моментоt се спроведуваат епидемиолошките анкети.

Работата на Клиниката се одвива регуларно и тековните обврски се завршуваат од вработените кои го надополнуваат отсуството на оние кои се заразени или се наоѓаат во изолација, потенцираат од Министерството за здравство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот