Ковачевски вели дека Славески не заслужува да го води скопскиот градски Совет

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција, критикувајќи го однесувањето на претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски, нагласи дека „таков човек не заслужува да биде претседавач на Совет на главен град”.

Ковачевски наведе дека му сугерирал на министерот за локална самоуправа Ристо Пенов да им се помогне на општините.

– На министерот за локална самоуправа, кој за среќа е еден од најдобрите поранешни гадоначалници на Скопје, му сугерирав дека треба да направиме се што е во можност во рамки на надлежностите на Владата, заради граѓаните во која било од општините во државата, кај сите градоначалници, без разлика од која политичка партија доаѓаат, истакна премиерот.

На овие изјави на премиерот реагираше Славески, кој рече дека единствениот што не заслужува да биде премиер е Ковачевски.

„Во интерес на вистината и во однос на неговата хипотеза дека дека не сум заслужил да бидам претседавач на совет, ќе нагласам дека како советник, носител на листа сум избран од убедливото мнозинство од граѓаните на Скопје, за разлика од него како премиер кој не е избран на избори, туку поставен на позицијата премиер договорено на зелена маса, во неговата партија“, рече Славески.

Тој ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ „да се фатат за работа и да доаѓаат на официјални состаноци, а не да измислуваат тајни средби“.

– Завршија и промоциите по скапи хотели за тоа што го довршија, што беше останато од градоначалниците на СДСМ. Помина и саемот на градоначалници којшто го првеа, на кој ништо не видовме. Сега гледам ќе имало отворени денови, ќе се правел нов буџет. Полесно ќе им биде да го направат буџетот, затоа што благодарение на министерот за финансии и на мене предложивме нов закон со нов концепт на финансиска децентрализација, рече Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот