Ковачевски: Судството е независно, несоодветно е да одговарам на прашање за предметот „Таргет-Тврдина“

Димитар Ковачевски, премиер/Фото: Скриншот

Премиерот Димитар Ковачевски не сака да го коментира заклучот на Судскиот совет дека судечката петорка од Апелацискиот суд во Скопје неоправдано го чувала во фиока предметот „Таргет-Тврдина“ во кој меѓу осудените е и Сашо Мијалков, бидејќи судството во Македонија било независно.

– Судството е независно и несоодветно е прашањето за независно судство да го одговара претседател на влада. Сметам дека прв одговор треба да даде претставник на судскиот орган кој што е задолжен за одговор на тоа прашање, а ако има некаде каде владата има ингеренции тогаш нормално е дека ние ќе настапиме согласно нашите надлежности, изјави премиерот Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање дали некој ќе сноси одговорност што Апелација неоправдано држела во фиока предмети за Мијалков.

Апелацискиот суд во Скопје во средината на декември ја укина пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ од февруари во 2021 година, а жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја оцени како беспредметна.

Случајот што беше отворен за масовното нелегално прислушување, резултира со вкупна затворска казна од 55 години од кои 12 години за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Судскиот процес започна на 22 декември во 2017 година против 11 лица. Во текот на постапката се одржани 53 рочишта, на кои се сослушано 123 сведоци, изведени 887 материјални докази и пет вештачења. Сослушани беа и голем дел од над 200 оштетени лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот