Ковачевски: Се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години испишаа нова историја на ослободеното Скопје

Димитар Ковачевски/ Фото Влада на РСМ

Вечна слава и длабока почит на нашите храбри борци кои по цена на своите животи ја извојуваа слободата во која живееме денес, слободата на градот кој денес е симбол на непокорот и заедништвото на нашите предци, порача премиерот Димитар Ковачевски во честитката по повод 13 ноември- Денот на ослободувањето на Скопје.

Ковачевски на неговиот Фејсбук профил напиша дека заедништвото ги обединило нашите борци да го ослободат Скопје, а заедништвото ќе ни помогне и во сите идни предизвици.

„Денеска кога го одбележуваме 13 Ноември-Денот на ослободувањето на Скопје, се сеќаваме и го празнуваме херојството на борците кои пред 79 години извојуваа победа и испишаа нова историја на ослободеното Скопје“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот