Ковачевски: Нудиме европски просперитет, во ВМРО-ДПМНЕ не е ништо променето

Продолжуваат политичките препукувања во екот на кампањата за претседателските избори. Лидерот на СДСМ предупредува дека партијата на неговиот опонент Христијан Мицксоки, ВМРО ДПМНЕ, немала визија за иднината на Македонија, но исто така, Мицкоски немал храброст за државнички одлуки.
„Деновиве покажаа дека сакаат да не вратат назад, покажаа злоупотреби на медиуми, апсење новинари, фалсификување анкети, злоупотреба на државни институции, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски денеска на митинг на кандидатот за претседател на државата Стево Пендаровски попладнево во Кисела Вода.
Претседателскиот кандидат Пендаровски критикува дека опозициската партија избегнувала одговорност.
„Покрај тоа што немаат визија, во ВМРО ДПМНЕ немаат ниту храброст да донесат државнички одлуки. Знаат само да се кријат и да избегнуваат одговорност.  Погледнете што му се случува на вашето Скопје. Ветуваа се и сешто, а не можат ниту ѓубрето да го исчистат. Општините водени од ВМРО ДПМНЕ стагнираат, се гушат во нерешени комунални проблеми. Ако не можат да го исчистат Скопје, замислете што ќе се случи ако треба да ја водат државата“, рече Пендаровски.
Пендаровски вели дека во Македонија мора да има слобода и демократија, а тоа може да се овозможи со глас за членство во ЕУ, односно глас за Коалицијата за еввропска иднина.
Ковачевски вети европска иднина со слободни граѓани и медиуми, одговорни јавни институции, решителна борба против корупцијата и криминалот, повисоки плати и пензии, подобар живот за сите.
„Ние имаме план, имаме визија и не се откажуваме од европска иднина. Победата ќе почне уште на 24-ти април на првиот круг од претседателските избори! Победата почнува со нашиот претседател, Стево Пендаровски! А за точно еден месец од денеска, на 8-ми мај, ќе прогласиме нова голема победа за СДСМ и Коалицијата за европска Македонија. СДСМ ќе ја формира новата проевропска влада, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот