Ковачевски на средба со Хотгес: Телеком е двигател на дигитализацијата и препознатлива е по примената на нови технологии

Фото: Влада на РСМ

Македонски Телеком има голем придонес во македонската економија. Компанијата е двигател на дигитализацијата во општеството, и она што е препознатливо е нејзината примена на нови технологии, е заклучокот од средбата на премиерот Димитар Ковачевски, и главниот извршен директор на Дојче Телеком, Тимотеус Хотгес.

Како што информира владината прес-служба, на средбата бил потенциран и големиот број инвестиции што се реализирале минатата година. Инвестициите, тие велат дека овозможиле проширување на оптичката мрежа во Северна Македонија, меѓутоа и воведување на 5Г технологија од страна на Македонски Телеком, дел од групацијата на Дојче Телеком.

На средбата воедно беа разговарани и презентирани можностите за развој кои ги нуди 5Г технологијата во многу сегменти од општествениот живот но и во бизнисот, со што се отвораат нови иновативни перспективи во делувањето, се вели во соопштението.

Соговорниците, како што информираат од прес-службата на Владата, ја истакнале важноста на Германија, како земја која е голем поддржувач преку компаниите што ги отвора во Македонија.

На состанокот беше кажано дека соработка, како на државите, така и на компаниите се гледа низ сè поголемото ниво на инвестиции и сè поголемиот напредок на нашата држава во која, секако, голема улога има компанија како Македонски Телеком. Во овој контекст Дојче Телеком изразија подготвеност за продолжување на инвестирањето во Северна Македонија со конкретни големи инвестиции во дигиталната инфраструктура во земјата, пишува во соопштението.

Премиерот Димитар Ковачевски е во дводневна посета на Берлин, придружуван од заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи Бујар Османи,

На првиот ден од официјалната посета на Берлин, премиерот Ковачевски оствари тет-а-тет средба со германскиот канцелар Олаф Шолц со кого разговараа за актуелни политички теми значајни за државата и регионот. Домаќинот Шолц за македонската државна делегација синоќа приреди вечера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот