Ковачевски – Марфи: Северна Македонија е ценет партнер и НАТО сојузник

Фото: Влада на РСМ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, за време на работната посета на Вашингтон имаше средба со демократскиот сенатор Крис Марфи.

Беа разменети мислења за севкупната соработка меѓу двете држави, за европските аспирации на Северна Македонија и за состојбите во поширокиот регион, и како истите влијаат на иднината на Западен Балкан, соопшти владината прес-служба.

Премиерот изрази благодарност за доследната политичка поддршка од страна на сенаторот Марфи за процесот на евроинтеграции на Северна Македонија. Ковачевски потенцираше дека нашата држава има цврста определба за зајакнување и унапредување на добрососедските односи и преку дијалог и соработка меѓу државите се етаблираше како држава фактор на стабилност во регионот.

Демократскиот сенатор Марфи истакна дека Северна Македонија е ценет партнер и НАТО сојузник. Воедно, искажа поддршка за ЕУ интеграцијата, затоа што колку повеќе напредува Северна Македонија толку подобар ќе биде регионот.

Подвлече и дека Северна Македонија е препознаена како фактор на стабилност.

На средбата беше посочено дека САД отсекогаш придавале особено значење и поддршка на трансформацијата на земјите од Западен Балкан како и за нивно членство во ЕУ. Премиерот Ковачевски посочи дека тоа е голем стимул за земјите од Западен Балкан да не отстапуваат од стремежите за остварување на стратешките цели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот