Костадиновска Стојчевска: „Градот ме тера да пеам“ низ музика ни го претстави искуството, емоцијата и визијата за современата уметност и култура

Бисера Костадиновска Стојчевска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

„Градот ме тера да пеам“ низ музика ни го претстави искуството, емоцијата и визијата за современата уметност и култура.

Со младите во Битола ја славиме македонската алтернативна музика низ последното музичко издание на неодамна починатиот автор Мирко Попов.

Плочата „Поп култура“ е уште едно сведоштво за значењето на творештвото на Попов, за независната сцена и за уникатниот музички израз на младите автори.

Младите поставуваат нова платформа за да ги изразат своите таленти, да ја инспирираат публиката и да ги усовршат уметничките прикази.

Во друштво на наши квалитетни автори, посакувам “Градот ме тера да пеам“ да остане извор за креативност и промотор на македонската уметност и култура.

Министерството за култура останува отворено за соработка и поддршка на проектите на младите кои низ уметничките дела ја претставуваат својата генерација и својот посебен поглед на светот, напиша на социјалните мрежи министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот