Косовската полиција во автомобил на Србин пронашла повеќе од 30.000 евра

Косовска полиција / Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Припадниците на Единицата за специјални операции на косовската полиција запреле автомобил на контролен пункт кај Бистрица во кој пронашле 30.879 евра – пари кои не биле пријавени.

Случајот е регистриран вечерва, кога парите биле пронајдени при контрола на црн автомобил шкода управуван, според полицијата, од српскиот државјанин М.Р. (2003).

Известен е и надлежниот обвинител за тешки кривични дела, кој предложи да се поведе истрага за кривичното дело „непријавување имот“ и парите истовремено да се одземат.

Осомничениот е пуштен на слобода, поведена е постапка, пишува КоССев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот