Уапсени девет Косовци кои измамиле и краделе од германски пензионери.

По наредба на Специјалното обвинителство на Косово, по повеќемесечна соработка со германските власти, денес беа уапсени девет Косовци кои измамиле и краделе од германски пензионери. Тие им ги земале парите во замена за лажни ветувања.

По наредба на Специјалното обвинителство во Косово, Дирекцијата за истрага на организиран криминал, Секторот за истрага на компјутерски криминал, како и во рамките на меѓународната соработка со Германија, по повеќемесечна истрага и размена на информации со германските власти, во текот на денот извршена е рација во 13 локации во Приштина, Косово Поле и Вучитрн каде се уапсени 9 осомничени.

Врз основа на собраните докази во текот на истрагата, констатирано е дека постои основано сомнение дека осомничените со иницијали А.К., К.Б., Ф.Г., А.С., Х.К., Л.Б., Л.Б., Е.З и Х.Б., во меѓусебна интеракција, со цел незаконски да се стекнат материјални средства, преку компјутерски системи комуницирале преку е-пошта и телефон со жртвите, главно странски државјани, кои биле измамени.

Киребизмамниците ги принудувале германските пензионери да им испраќаат пари во различни износи преку макрофинансиски институции кои функционираат во Косово.

Исто така, за време на оваа операција беа запленети сите релевантни докази што беа користени за извршување кривични дела, вклучувајќи:

  • 35 компјутерски куќишта;
  • 31  компјутерски монитори;
  • 4  лаптопи;
  • 1  автомобил Ауди А8;
  • 15 мобилни телефони;
  • 5 УСБ;
  • 53  ЦД-а;
  • 2 гасни револвери;
  • 52 парчиња муниција;
  • Различна документација (тетратки, ракописи и сл.).

По наредба на Обвинителот на Специјалното обвинителство, осум осомничени беа испратени во притвор, додека еден е ослободен.

Лото измамниците што ограбија над 1000 пензионери излегоа пред германскиот суд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот