Кошаркарите на Гостивар сигурни во салата „Младост“ против Пелистер

фото: kfsm.mk

Гостивар денеска беа подобри од видно изменетиот состав на Пелистер (75:68) на првиот натпревар во новата сезона од Првата македонска кошаркарска лига.

Во исполнетата сала „Младост“ четири кошаркари на Гостивар завршија со 10 и повеќе поени. Најмногу, 18, имаше Инграм, Митевски и Остен го следеа со по 15, а еден помалку од нив даде Вензант.

Репрезентативецот Маслинко го заврши првиот меч во новата сезона со 18 поени, Бернард имаше 17, а новото засилување, исто така репрезентативно Хот, имаше 12 поени кај Пелистер.

Инаку, премиерното коло во шампионатот ќе биде затворено на 4 октомври (среда), кога од 18.00 часот, во салата „Независна Македонија“ во Скопје, ќе се сретнат екипите на Академија ФМП и Еуро Никел 2005.

Прва кошаркарска лига
1 коло

Вардар – Охрид 80:73
Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 64:86
Работнички – ТФТ 73:56
Чаир 2030 – Феникс 2010 93:72
Гостивар – Пелистер 75:68

4 октомври (среда)
18.00 часот
Академија ФМП – Еуро Никел 2005

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот