Кошаркар на Мајами учествувал во сообраќајна несреќа, 21-годишно момче се бори за живот

Фото: Miami Heat

Кошаркарот на Мајами Хит, Хејвуд Хајсмит предизвикал сообраќајна несреќа во вторникот навечер откако 21-годишно момче кое на патот помаглао на друг возач.

Жртвата била 21-годишно момче и според информациите од медиумите во САД засега се наоѓа во критична состојба и докторите се борат за спас на неговиот живот. Исто така се наведува дека делумно му била ампутирана едната нога.

Несреќниот инцидент го потврди и Мајами со кратко соопштение.

„Хејсмит учествувал во сообраќајна несреќа на патот кон својот дом по натпреварот во вторникот. Поради ситуацијата тој нема да биде на листата играчи за мечот против Сан Антонио од лични причини. Со мислите сме со повредните во несреќата“, стои во соопштението.

На Хејсмит му биле направени тестови и било утврдено дека не се наоѓал под дејство на дрога или алкохол, меѓутоа се уште се испитува дали ги прекршил правилата за возење и дали оштетениот ги имал преземено сите мерки за безбедност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот