Коронавирусот одложи натпревар на шампионот ПСЖ!

фото: твитер

Екипите на Стразбур и ПСЖ требаше да ги одмерат силите в сабота, но првите луѓе на францускиот фудбал донесоа одлука да не се игра овој меч.

Натпреварот од „Лига 1“ нема да се игра во најавениот термин поради ширењето на епидемијата на коронавирусот, соопшти денеска управата на Лигата.

Првично мечот помеѓу екипите на Стразбур и шампионот ПСЖ беше закажан да се игра в сабота од 17.30 часот, но истиот е одложен од страна на првите луѓе на францускиот фудбал.

Моментно на табелата во најсилното француско првенство водат париските „светци“ со 68 бодови, додека Стразбур е на 10. место со 30 бодови помалку.

Регионот Алзас, на границата со Германија каде што се наоѓа Стразбур, е едно од подрачјата во таа држава кое е најтешко погодено од коронавирусот.

Во Франција до сега се регистрирани 653 случаи, 632 активни од кои 12 излекувани, а 23 се во критична состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот