Коронавирусот не е проблем, Ирвинг лобира за бојкот на сезоната во НБА поради расизам

EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарот на Бруклин нетс, Кајри Ирвинг се противи на идејата за продолжување на сезоната во НБА и лобира кај своите колеги за бојкот како еден вид на протест поради расизмот.

Сезоната во НБА лигата е прекината на 11. март поради пандемијата на коронавирусот, а според планот таа треба да продолжи на 31. јули во Дизниленд во Орландо. Договорено е сезоната да ја доиграат 22 екипи кои имаат шанси да обезбедат пласман во плеј-офот.

Сепак, убиството на Џорџ Флојд во Минеаполис од страна на полицаецот Дерек Човин ги крена САД на нозе, секојдневно се протестира поради полициската бруталност и расизмот.

Според сајтот„Атлетик“(The Athletic), Ирвин вчера за време на состанокот одржан преку видео-конференциска врска со повеќе од 80 кошаркари предложил бојкот на сезоната.

„Не го поддржувам заминувањето во Орландо. Не мислам дека постои системски расизам, но нешто ми „мириса“. Повеќе сакам да се насочам кон социјалните реформи“, наводно рекол Ирвинг.

Според медиумите, разговорот траел повеќе од два часа, а половина од времето било посветено на реформите и битката со расизмот.

– Кога повторно ќе почнеме да играме кошарка, вестите од системскиот расизам ќе се пренасочат на тоа кој добро одиграл претходната вечер. Ова се клучни моменти за нас да играме и да го поврземе тоа и да влијаеме на се што се случува во општеството. Сите ние се прашуваме каде и како можеме да имаме најголемо влијание – му рекол неименуван играч на новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Дел од кошаркарите кои разговарале на состанокот истакнале дека не се толку сигурни дека бојкотот е идеално решение бидејќи се плашат дека тој ќе влијае на нивната економска ситуација, односно ќе останат без плати, а подоцна доколку би се играло без присуство на гледачи, нивните плати би биле намалени.

Кајри Ирвинг на крајот истакнал дека ќе ги поддржи кошаркарите доколку одлучат да ја доиграат сезоната во Орландо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот