Коронавирусот ги затвора стадионите и во Лигата на Европа

википедиа

Стравот од ширење на епидемијата на коронавирусот се одразува и на спортот, посебно во Италија.

Само неколку часа откако УЕФА најави дека два натпревари од реванш натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампионите (Валенсија – Аталанта и Јувентус – Лион) ќе се играат без гледачи, денеска е донесена иста одлука и за натпревар од Лигата на Европа.

Екипата на Интер против Хетафе ќе игра пред празните трибини на „Џузепе Меаџа“.
Поради ширењето на коронавирусот во Италија каде до денеска бројката изнесува 3.858 заразена лица, Владата одлучи до 3 април, сите спортски натпревари да се играат пред празни врати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот