
Корона љубов: Се запознаа преку Интернет, а сега заедно патуваат низ светот
Младиот пар се запознал преку платформата за средби „Хинга“ пред неколку месеци, кога сите седевме дома поради коронавирусот. Тие комуницирале виртуелно со недели, а кога конечно се виделе во живо, тоа било „љубов на прв поглед“.
Препорачано

Инфлуенсерката, Емили Шампион, 25 и нејзиното момче Ник Лидербароу (32), се запознале преку платформата за онлајн состанување „Хинга“ во октомври 2019 година, а подоцна повторно се поврзале на „Бамбл“, друга апликација за поврзување на луѓето на локално ниво, во март годинава. Младиот пар се дружел некое време само на социјалните мрежи, а по олабавувањето на мерките, се договориле да се сретнат во живо. Тоа им значело многу бидејќи навистина почнале да имаат чувства еден за друг.
Кога повторно воспоставиле контакт во март, имале договор да излезат на состанок, но откако канцеларијата на Ник се затворила бидејќи имало позитивни на коронавирусот меѓу неговите колеги, тие ја одложиле нивната средба и продолжиле и следните неколку месеци да се дружат преку виртуелна апликација за средби.

Нивниот прв „состанок“ преку таа мрежа траел цели седум часа.
Тие продолжиле да се „состануваат“ секој петок навечер, испраќајќи си еден на друг други корпи со овошје и закуски, за комплетно да уживаат во секој виртуелен состанок. Тие често организирале и тематски вечери, како мексиканска или италијанска вечер, во кои ја подготвувале својата омилена храна за време на дружењето преку Интернет.
„Ако навистина требаше да изберам што би правела на мојот прв состанок, веројатно немаше да одберам да правам мексиканска вечера во нечија кујна, но мораше да се прилагодиме“, вели Емили.

„Ме натера да почнам да ги ценам малите нешта, како на пример да одам на излет. Некогаш е потребно само да размислиме надвор од рамката“, вели Ник. Тој додаде дека сфатил дека сака да го запознае светот со некој за кого има чувства, но нивните приоритети поради коронавирисот малку се сменија.
Откако поминаа одреден период во изололација- Емили со нејзините родители во Котсволдс, а Ник во неговата семејна куќа во Балам – тие конечно се сретнале за прв пат во куќата на Емили во Барнс, југо-западен Лондон.
„Штом го почувствував неговиот мирис и го допрев, знаев дека го сакам и му благодарам на Бога што се појави”, вели таа.
Ник призна дека бил многу загрижен дека можеби на Емили нема да и се допадне.
„Можете да создадете слика за некој во вашата глава, а потоа да го видите и да сфатите дека меѓу вас нема никаква физичка врска, тоа беше голема грижа за мене” – објаснува тој.

Младиот пар сега отвори заеднички профил на Инстаграм каде објавуваат фотографии и прилози од патувања низ целиот свет. Во јули, тие го резервираа првиот заеднички одмор во Шибеник, Хрватска, каде се разбудија во 5 часот наутро и секое утро го гледаа изгрејсонцето. Емили вели дека уживала да ги фотографира овие утра.
Следното патување било во Франција, каде ги обиколиле замоците.
„Сакаме да патуваме заедно и мислам дека е навистина убаво што имаме заеднички интереси и хоби” – вели Ник и додава дека биле изненадени од поддршката на следбениците на Инстаграм.
Двајцата сега веќе имаат долг список на места што планираат да ги посетат, а за своето прво следно патување одат на авантура во Доломитите. За крај останува Венеција, а ги поканија следбениците на нивниот профил да им препорачаат што да посетат следно, пишува Дејли Меил.