Конте бара ѕвезда на Реал Мадрид

EPA-EFE/Juan Carlos Hidalgo

Новиот тренер на Интер, Антонио Конте планира уште во првата сезона да го предизвика Јувентус за шампионската титула. Засега единствено потврдено засилување е Диего Годин, Един Џеко ќе пристигне на стартот од преодниот рок, а речиси пред реализација е Лусиен Агуме од Сошо.

Покрај Џеко, новиот тренер во нападот го сака и Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед но проблем може да претставува платата на Белгиецот. Лукаку бара 10 милиони евра по сезона, тоа е сума која може да му претставува проблем на Интер. Дополнителни главоболки на Конте му предизвикува и Наполи кој е подготвен да му ја понуди бараната сума на Белгиецот.

Ѕвезда на преодниот рок во Интер се очекува да биде Герет Бејл. Конте очајнички го сака Бејл во тимот но прашање е дали имаат средства за да го реализираат трансферот. Герет Бејл не е задоволен од статусот во „кралскиот“ клуб, тренерот Зинедин Зидан на крајот од сезоната го седна на клупата за резервни играчи иако тој е најдоброплатен фудбалер на тимот со 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот