Констатирани оставките на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу

Фото: МИА

Собранието на Република Северна Македонија денеска ги констатира оставките на министерот за правда Никола Тупанчески и на министерот за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу.

Како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу одлучиле да не ги образложат оставките пред пратениците.

Констатирам дека на Тупанчески, Нуредини, Рендевски и Нухиу им престануваат функциите, истакна Џафери.

Пред почетокот на 103. седница, пратениците им оддадоа почит на настраданите во земјотресите во Турција и Сирија со едноминутно молчење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот