Конкуренцијата притиска – ќе има поевтина облека

облека

Акциите на Х&M пораснаа за 14 отсто откако шведскиот трговец значително ги надмина очекувањата за профит за првиот фискален квартал. Сепак, нето-продажбите се намалија од година во година во првиот квартал.

Компанијата претходно најави дека ќе се фокусира на профитабилноста, под притисок на зголемената конкуренција на сопственикот на Зара, Индитекс и кинеските трговци за брза мода, како што е Шејн. Извршниот директор на оваа групација, Даниел Ервер, рече дека зголемувањето на продажбата е главен приоритет на компанијата и дека цените се очекува да бидат пониски на крајот на 2024 година отколку на почетокот на годината.

Залихите се намалија за седум отсто на годишно ниво во кварталот. Акумулирањето на вишокот непродаден залихи е долгогодишен проблем за фирмата, поради што намалувањето на залихите е главна цел, пишува Политика рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот