Коњите во скопската Зоолошка се отруени со брзоделувачки отров, се трага по сторителот

Фото: Зоо Скопје

Зоолошката градина во Скопје информираше дека според официјалните резултати од обдукциските наоди, сортните коњи се отруени со брзоделувачки отров.

Резултатите се доставени до МВР и Агенцијата за храна и ветеринарство за понатамошно постапување, а поднесена е и кривична пријава и активно се трага по сторителот. Од Зоолошката велат дека ги проверуваат сите снимки од безбедносните камери.

Ваквиот срамен и кукавички чин силно го осудуваме и апелираме до МВР и Обвинителството да постапат што е можно побрзо со цел санкционирање на сторителот – додаваат од Зоолошката.

На 29 јули годинава три ретки и скапи коњи, по потекло од Монголија, за само 24 часа угинаа во скопската Зоолошка градина.

Коњите се многу ретки во светот и познато е дека бројноста во дивината им е проценета на околу 300 единки, а пак во зоолошките градини ширум светот според податоци од почетокот на 1990 година, живееле само околу 1.500 единки. Коњите во Скопје ЗОО биле мажјаци, кои пред 12 години се донесени како донација од приватна компанија од Австрија.

Ова не е прв трагичен случај со животни во Зоолошката градина во Скопје оваа година, во мај од салмонела угина жирафата Каспер.

Инаку, пред еден месец скопската Зоолошка градина го изгуби кандидатскиот статус за членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми (ЕАЗА), поради неисполнување на низа обврски зададени од ЕАЗА. Конечната одлука била донесена по скандалозното крвничко колење на десетина коњи и мазги кои преку ноќ беа донесени во скопската зоолошка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот