Коњановски најави ребаланс на општинскиот буџет, за да има субвенции за клими за сите пријавени битолчани

Градоначалникот на Битола. Тони Коњановкси/ Фото Facebook

Откако заврши јавниот повик на Општина Битола за субвенционирање на дел од трошоците на граѓаните за набавка на инвертер клима уреди, поради големиот интерес, градоначалникот Тони Коњановски побара од Советот на Општина Битола да донесе одлука за проширување на предвидените средства за оваа намена, со цел да се создаде можност за субвенционирање на сите граѓани кои доставиле комплетна документација и ги исполнуваат условите од јавниот повик.

-Имајќи предвид дека планираниот буџет за оваа намена изнесува еден милион и шестотини илјади денари со пресметан персонален данок што се недоволно средства за сите заинтересирани, до Советот на Општина Битола ќе побарам усвојување на ребалансот на буџетот и донесување на одлука за дообезбедување на финансиски средства за субвенционирање на сите граѓани кои што аплицирале за инвертер клима уреди, ги исполнуваат условите во повикот и доставиле комплетна документација до Општината Битола. Очекувам Советот на Општина Битола да го прифати ова мое барање и сите граѓани кои што имаат комплетна документација да добијат надоместок од 30% од вкупната цена на чинење на уредот, до максимумот од 18 илјади денари. Само на овој начин ќе се овозможи реализација и на други планирани субвенционирања, согласно програмата за животна средина, но истовремено ќе покажеме дека работиме во интерес на битолчани, изјави Коњановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот