Конфликт меѓу Британија и Русија: Што всушност се случи со британскиот брод во Црното море?

Британското Министерство за одбрана соопшти дека нивниот разурнувач ХМС Дифендер не бил нападнат од страна на Русите, а тие пак тврдеа спротивно, Кој е во право?

 

Руската верзија

Разурнувачот на британската кралска морнарица ХМС Дифендер, кој поради воени вежби на НАТО се наоѓа на Црното море, се најде во центарот на глобалното внимание, по озбилниот инцидент во кој учествувале и руски патролни бродови и воени авиони.

Руската агенција Интерфакс, е првата која го објави случајот, цитирајќи го руското Министерство за одбрана, дека бродот на Руската воена морнарица испукала предупредувачки истрели кон ХМС Дифендер, кој според Русите, пловел три киломентри длабоко во руските територијални води во Црното море. Соочувањето на бродовите се случило близу Крим.

„Уништувачот беше предупреден дека оружјето е спремно доколку ја помине границата на Руската Федерација, но тој не сопре“- изјавија од руската морнарица.

Откако испукале руските бродови, по десет минути пристигнал и рускиот воен авион, кој во морето пред британскиот уништувач фрлил четири бомби, по што британскиот Дифендер бил приморан да ги напушти руските води, пренесува руското Министерство.

Британската верзија

Британците имаат свои мислења за случајот, кои ја соопшти британскиот Министер за надворешни работи, Доминик Раб.

Раб денеска изјави дека не било пукано кон британски воен брод во Црното Море и дека руското објаснување за инцидентот е очекувано неточно.

„Не беше пукано кон Дифендер кој минуваше низ украинските територијални води, изјави Раб за време на посетата на Сингапур.“- изјави британскиот Министер за надворешни работи.

Тој нагласи дека бродот пловел согласно меѓународното право и дека рускиот извештај за настанот е предвидливо неточен.

Третата страна во приказната

Во меѓувреме, на радиото во Дифендерот пристигнувале предупредувачки сигнали, од кои во еден од нив на британците јасно им е посочено дека Русите ќе пукаат по нив ако не ја променат својата рута.

„Слушнавме некои пукотници од далеку, но ни се чинеше дека бевме далеку од местото каде беше пукано.“- изјави британскиот новинар од Би-Би-Си кој беше присутен на бродот.

„Над нас има руски воен авион, кој го надгледува нашиот брод. Во некој моменти над бродот имаше и до 20 авиони. И покрај тоа, не ја сменивме рутата, туку продолживме да пловиме во водите на Крим. Сето ова траеше нешто повеќе од еден час, по што конечно влеговме во меѓународните води, но рускиот авион и понатаму не следи!“- велеше новинарот.

Кој лаже?

Потпаролката на Министерството на надворешни работи на Русија, Марија Захарова, ја обвини британската амбасада во Русија дека шират лажни информации за случајот на Црното море.

Таа ги спореди изјавите на британската страна и новинарот на Би-Би-Си кој потврди дека бродот намерно влегол во руската територија.

„Значи, кој лаже? Британското Министерство за одбрана, новинарот или британската амбасада во Москва? Одговорот е јасен. Овој пат тоа се британското министерство и британската амбасада. Лондон ги изгуби своите принципи. Ги советувам нашите британски партнери да ни „тропнат“ доколку сакаат безбедно да влезат следен пат.“- напиша Захарова на нејзиниот Телеграм профил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот