Конечно уапсен германскиот Рамбо после пет дена криење во шума, едно лице повредено во текот на потерата

Потрагата по педофилот Ив Етиен Рауш (31) во Германија кончено заврши после 5 дена.

Бездомникот, кого медиумите го нарекоа германски Рамбо, со лак и стрела и бегаше на полицијата и се криеше во шумите, а стотина полицајци трагаа по него.

Како што јавува Билд, Рауш (31) е уапсен денеска во попладневните часови, а запленети се и четири парчиња оружје.Се додава дека работник од една пошта дал важни информации кои довеле до апсење, а во текот на акцијата едно лице е повредено.

Полицијата наскоро ќе одржи прес конференција за медиумите.

Драмата почна во неделата откако полицијата го запре Рауш поради проверка. Тој почнал да соработува со полицијата, но наеднаш извадил пиштол и ги присилил да го предадат оружјето. Разоружал дури четворица полицајци.

Потоа, вооружен и со нивното оружје како и со лак и стрела побегнал во шумата каде веројатно и се криел.

Германската полиција набрзо го објави идентитетот на бегалецот, кому, како што пренесуваат медиумите му се става на товар и педофилија и обид за убиство.

Наводно, Ив во 2010 година со стрела тешко ја повредил својата тогашна девојка после кавга.

Исто така е осомничен дека собирал и дистрибуирал детска порнографија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот