Компромис веднаш – разликите да се надминат додека се преговара, апелираат бугарските републиканци

Се повеќе бугарски политички субјекти и интелектуалци го критикуваат ставот на Владата во Софија да не даде зелено светло за одржување на првата Меѓувладина конференција со Брисел, што практично означува и почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија. 

Последна во низата се огласи и партијата „Републиканци за Бугарија“, предводена од Цветан Цветанов, екс министерот за внатрешни работи и поранешна десна рака на премиерот Бојко Борисов. Оттаму велат дека Договорот за добрососедство бил основа за поддршката на Бугарија за почеток на преговорите на Македонија и затоа ја оценуваат како кусогледа одлуката за стопирање на процесот, додавајќи дека пречките може да се надминат во рамки на преговарачкиот процес.

„Војна“ меѓу македонската власт и опозицијата, меѓу бугарските – единство на дело

– Ние веруваме дека целта на заедничкото претседателство (на Република Бугарија и на РС Македонија) со Берлинскиот процес е принципиелна поддршка на РСМ на патот кон ЕУ. Оваа цел не се постигнува со преземените активности. Потсетуваме на огромните напори на Бугарија да стане полноправна членка на Берлинскиот процес и да го добие претседателското место со цел да ја направи повидлива нашата поддршка за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, соопштија републиканците.

Тие додаваат дека главниот надворешно-политички приоритет на првото бугарско европретседателство бил токму враќање на европската перспектива за земјите од Западен Балкан, кој го прифатиле сите земји-членки на ЕУ.

Ветото на ВМРО ги уништи соништата на Бугарите, оценува бугарскиот професор Ивајло Дичев

-Ние сега гледаме дека Бугарија има заедничка политика во однос на PCM, поддржана од извршната власт, претседателот и парламентот. Сепак, дали оваа унифицирана политика е правилна во време на економска и здравствена криза и дали е навистина доказ за тимската игра во нашата земја?, прашуваат од партијата.

„Републиканци за Бугарија“ апелираат да се изнајде компромис на самиот крај на 2020 година, односно на 16 декември, кога се одржува и последниот состанок на КОРЕПЕР (Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на Европската унија), со цел ЕУ да биде обединета и силна на глобалната сцена. „Потребен е компромис сега, компромис што зависи од Бугарија. Ја повикуваме Владата да може да размислува глобално и одговорно“, се заклучува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот