„Фолксваген“ го продаде целиот свој имот во Русија

Архива

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија.

Завршена е продажбата на уделот во руската групација „Фолксваген“, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението.

Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга.

Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија „Авилон“.

Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори голема фабрика во Калуга во 2007 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот