Колумбија со одговор за воените вежби на Венецуела: Нашите вооружени сили се во состојба на воена готовност

Фото: Принтскрин

Колумбиските вооружени сили се во состојба на воена готовност како одговор на венецуелските воени вежби на границата меѓу двете држави што Богота ги смета за отворена закана. Тоа го изјави колумбискиот генерал Луис Наваро.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро нареди воени вежби долж границата, како одговор на, како што рече, колумбиските планови за агресија против Венецуела.

– Бевме отворено загрозени – изјави генерал Наваро пред медиумите, известувајќи дека колумбиските вооружени сили се во состојба на готовност.

Мадуро ја обвини Колумбија дека подготвува напади откако колумбискиот претседател Иван Дуке рече дека социјалистичкиот водач ги брани членовите на бунтовничката Армија на национално ослободување и на членови на ФАРК, кои неодамна ја продолжија вооружената борба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот