Кој сака да гради на диво ноќе во поликлиниката „Бит-пазар“?

Фото: Канал 5

„Некој со тешка механизација и без никаква дозвола за градење доцна вечерва се пробил на просторот на поликлиниката „Бит-пазар“ и сакал да почне да гради“, изјави за „Слободен печат“ директорот на Здравствен дом Скопје, доктор Виктор Исјановски.

Непознатите сторители доцна попладнево ја урнале оградата на поликлиниката и навлегле во дворот на здравствената установа.

Д-р Исјановски случајот го пријавил во полиција, од каде за информираат дека на местото се упатени полицајци, а за настанот е известен обвинител.

Повеќе информации се очекуваат утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот