Кој не го искористил туристичкиот ваучер, ќе добие поврат на пари

Фото EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Граѓаните кои не ги искористиле ваучерите за замена, добиени на име на туристички патувања, ќе си ги вратат парите од 1 јануари. На граѓаните најдоцна до 1 февруари треба да им се вратат вкупно 6,5 милиони евра, што е предвидено со Уредба. Иако се работи за значителна сума, директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ за порталот Н1, изјави дека тоа е само една десетина од вкупната вредност на овие ваучери, а остатокот ќе се реализира преку патување.

„Патниците кои не ги искористиле ваучерите за замена треба да се обратат во нивните агенции и да ги остават податоците од нивната банкарска сметка, бидејќи парите ќе се исплаќаат на тој начин – од сметка на сметка“, вели Сеничиќ.

Во случај агенцијата да нема пари да плати, ваучерите ќе се исплаќаат – од осигурување. Директорот на ЈУТА потсетува дека регулативата предвидува ваучерите за замена да можат да се користат до 31 декември годинава.

„Агенциите секако можат да им понудат на овие патници договор и да им овозможат да го користат овој ваучер за замена следната година, нудејќи им дополнителна вредност, на пример зголемување од 20 проценти“. Така што некој што има заменски ваучер од 500 евра може во договор со агенцијата да потпише договор за аранжман од 600 евра, кој може да го искористи во секое време следната година“, објаснува Сеничиќ.

Но, секако посочува – тоа не е обврска. „Тоа е договор меѓу патникот и агенцијата“, објаснува тој. Кога станува збор за граѓаните кои сакаат да си ги вратат парите, платени во 2020 година, соговорникот Н1 препорачува задолжително да се обратат во нивната агенција и да ја известат дека сакаат да им се исплатат парите по замена на ваучер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот