Коха: Граѓаните на север од почнаа да добиваат паушални сметки за струја

Струја / Фото: EPA/KCNA

Компанијата „Електросевер“ соопшти дека ќе почне да ги дели сметките за струја во четирите северни општини Лепосавиќ, Северна Митровица, Звечан и Зубин Поток.

Граѓаните во четири северни општини, како што се наведува во соопштението, ќе добијат паушални сметки од 21,60 евра, објави Коха, пренесува Коссев.

Заедно со таа сметка, корисниците ќе добијат и копија од договорот за увид, како и известување од добавувачот „Електросевер“.

„Со уплата на сумата од 21,60 евра ќе се смета дека е склучен Договорот за набавка со фирмата „Електросевер“. Службениците на „Електросевер“ ќе донесат договори за снабдување со електрична енергија на граѓаните да ги потпишат“, се наведува во соопштението.

Договорот меѓу КЕДС и „Електросевер“ беше потпишан на почетокот на декември минатата година. Косово и Србија постигнаа договори за енергетика во 2013 и 2015 година, но тие сè уште не се спроведени. Во јуни минатата година двете страни со посредство на ЕУ се договорија за имплементација на енергетскиот патоказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот