Коалиција „Вреди“: Бујар Османи оди курбан оти Али Ахмети се исплаши од Таравари

Промоција на кандидатурата на Таравари за претседател/Фото: Фејсбук

Изјавата на Ахмети за “големата вест” потврдува најмалку две работи. Првата, дека ДУИ е безидејна партија која со предлози извадени од нафталин покажува целосна немоќ да ги претставува Албанците на највисоко политичко ниво, соопштија попладнево од Колацијата „Вреди“

„Крајно понижувачки за митот за Али Ахмети е да излегува со вакви бајати тези само за да конкурира на предлогот на кандидатот на здружената албанска опозиција др. Арбен Таравари во иднина изборот на шефот на државата да се прави во Собрание. Втората, дека сеуште живеат во филмот дека имаат монопол на принципите за стратешкото партнерство во ЕУ и САД. Наместо да се мачат како да објаснат зошто Али Ахмети се плаши да излезе на изборен мегдан, и затоа ќе го жртвуваат Бујар Османи, нека излезат од теснопартиските интереси и нека го подржат Арбен Таравари за прв претседател Албанец, соопштија од „Вреди“.

„Логично се поставува прашањето: зошто ДУИ сака да го подели гласот на албанците? На кого му служи Али Ахмети со овој потег?Коалицијата “Вреди” не се бори за утешни награди туку за чесна и реална улога на Албанците во политичкиот живот. Ахмети ако веќе не е способен да се бори за интересите на Албанскиот народ, чесно е да замине во политичка пензија“, додадоа од колацијата „Вреди“.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети, откако во јавноста се обрати на социјалните мрежи и го најави Бујар Османи како кандидат за претседател, како и заложбите претседател на државата да се избира во Собранието, се појави на прес конференција пред медиумите, дообјаснувајќи ја ваквата партиска одлука.

Од партиското седиште во тетовска Мала Речица, на новинарско прашање објасни дека таков кандидат ќе биде консензуален и ќе ги претставува сите граѓани.

Таравари е во локална, а ДУИ игра во суперлига, порача Ахмети од Мала Речица

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот