Клуге: Омикрон и натаму се шири кон Источна Европа

омикрон
Бројот на заразени со омикрон ќе опадне/ Фото: ЕПА

 

Новиот бран на сојот омикрон на коронавирусот, се шири кон источниот дел од Европа, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги Владите да ги зголемат програмите за вакцинација, како и за други мерки.

Изминатите две недели, бројот на заразени е повеќе од двојно зголемен во Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Русија, Украина, предупреди регионалниот директор Ханс Клуге.

Тој ја коментираше ситуацијата во период кога неколку европски држави, вклучувајќи ги Чешка и Полска, најавија укинување на ковид мерките, доколку и понатаму има пад на бројот на заразени.

Меѓутоа, СЗО тврди дека мерките, како на пример, брзото тестирање и носење маски континуирано, се потребни, но и дека досега на европскиот простор се регистрирани над 165 милиони заразени со Ковид-19, со 25.000 смртни случаи изминатата недела.

– Соочени со бранот од омикрон, а делта сојот и натаму се шири на Истокот, оваа загрижувачка ситуација не е време за укинување на мерки, знаеме дека тие делуваат во намалување на ширењето на Ковид-19, предупреди Клуге.

Тој ги повика Владите да ги истражат локалните причини за ниските стапки на вакцинација. Против Ковид-19, потполно е вакцинирано помалку од 40 отсто од лицата постари од 60 години во Босна и Херцеговина, Бугарија, Киргистан, Украина, Узбекистан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот