Клоп: Како да го подобриме тимот? Нема да трошиме милиони!

фото: твитер

Менаџерот на Ливерпул истакна дека не планира да потроши милиони на нови засилувања.

После три децении чекање, Редси ја освоија титулата во Премиер лигата. После тој успех веднаш запонаа шпекулациите за евентуални нови трансфери на „Енфилд“.

Пандемијата на коронавирус влијаеше врз приходите и расходите. Ова нема да биде возбудливо лето кога станува збор за трансфери – рече Клоп.

Како што е веќе објавено, „црвените“ не се откажуваат од Кулибали и подготвуваат нова понуда.

Ливерпул не се откажува од Кулибали, подготви нова понуда

Кога ќе го погледнам тимот, не треба многу да се менува. Ние немаме стартни 11, туку 16 или 17. Сите тие можат да играат на исто ниво. Не можеме да потрошиме милиони и милиони. Сакаме да го подобриме тимот кој е веќе добар. Прашањање е како да се зајакне ваков силен тим? Не станува збор за пари, мора да бидете креативни, најдете решенија и во клубот – додаде менаџерот на премиерлигашкиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот