Ливерпул не се откажува од Кулибали, подготви нова понуда

Калиду Кулибали, фудбалерот на Наполи/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Желбата на фудбалерот е да игра во Премиер лигата, сè уште неизвесно дали тоа ќе бидат „црвените“ или Манчестер сити.

Иако првата понуда на Ливерпул од 60 милиони евра беше експресно одбиена од страна на првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Претседателот на Наполи бара 100 милиони евра иако е свесен дека тешко ќе ја добие оваа сума поради пандемијата на коронавирусот која речиси сите екипи ги стави во „црвено“.

Според англиските медиуми понудата на Манчестер сити изнесува 80 милиони евра, но Ливерпул не се откажува и подготвува нова понуда.
„Црвените“ се враќаат во Неапол со 60 милиони евра и го нудат хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен со што калчолигашот веднаш би добил замена за Кулибали.

Јирген Клоп се надева дека ќе успее да го омекне ставот на Де Лаурентис и ќе дозволи Кулибали да се пресели на „Енфилд“ со што би се креирал најдобриот дефанзивен тандем во светскиот фудбал Калиду Кулибали-Вирџил ван Дајк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот