Климатските активисти протестираат во Цирих

Фото:EPA-EFE/ALEXANDRA WEY

Десетици климатски активисти денеска протестираат пред седиштата на големите банки во Цирих против нивното финансирање на проекти за фосилни горива, што и штетат на животната средина.

Демонстрантите се собраа во финансискиот центар на Цирих, пред седиштата на банките Кредит Свис и УБС.

„Кредит Свис и УБС досега се направија освен соодветна реакција на климатската криза. Затоа движењето за климатска правда денеска ги окупира седиштето на банката Кредит Свис и канцелариите во близина на банката УБС со цел да го сврти вниманието кон последиците од пасивноста и негрижата на швајцарските финансиски институции“ изјави портпаролката на групата Стани за промена, Фрида Колман.

Активистите и минатата недела протестираа пред седиштето на Кредит Свис, претставувајќи се како претставници на швајкцарската банка и најавувајќи стопирање на финансирањето на проектите за фосилни горива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот