Ќе врне дожд, а на повисоките места и снег

Луѓе со чадор - слаби врнежи на снег / фото: ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Променливо облачно време со врнежи од дожд, на планините и на повисоките места и од снег, најави за денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

– Во утринските часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои пониски места. Во југоисточните делови врнежите ќе бидат поројни. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец – се вели во најавата.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во повисоките делови од котлината во утринските часови можно е врнежите да преминуваат во снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот