Кит Харингтон и Роуз Лесли станаа родители за прв пат

Profimedia
Rose Leslie and Kit Harington The Olivier Awards, London, UK - 09 Apr 2017,Image: 328461984, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: SilverHub / Shutterstock Editorial / Profimedia

Познатиот пар од хит серијата „Game of Thrones“ Кит Харингтон и Роуз Лесли кои во септември минатата година објавија дeка го очекуваат своето прво дете – станаа родители.

Претставникот на Харигтон за „Page Six“ ја потврдил веста дека тие станале родители на машко бебе во вторникот и дека се „многу, многу среќни“.

Брачната двојка изминативе месеци се држеше далеку од очите на јавноста откако во септември минатата година преку фотосесија Роуз објави дека е бремена, но таа повеќе не ја коментираше нејзината бременост.

Сепак, ѕвездата откри дека таа и Кит се изолирале во нивниот дом во Источна Англија, која на шега ја нарече „куќата што ја изградил Џон Сноу“.

Во октомври 2020 година, Роуз откри дека е „воодушевена“ од бременоста. Во разговор за „New York Post“ таа изјави дека едвај чека да го запознае новиот член на нивното семејство.

Тие минатото лето ја прославија својата втора годишнина од бракот, откако во јуни 2018 година го кажаа судбоносното „да“ во спектакуларниот замок Вардхил кој потекнува од 12 век.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот