Кипер удри во надвозник на автопатот во изградба Охрид – Кичево

Камион кипер на фирма подизведувач на градежните активности на автопатот Охрид- Кичево, удри во новоизграден надвозник над коловозот, кај селото Песочан.

Станува збор за невообичаена случка, кога товарниот дел на камионот е оставен во позиција за истовар, а возилото во движење удира во надвозникот.

Направена е материјална штета, а истрагата ќе ја утврди причината за незгодата, дали се работи за невнимание на возачот или пак за некаков дефект на возилото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот