Кинез пливал десет часа за да побегне во Тајван

Водите кај Тајван / Фото EPA-EFE/JUN AGUIRRE

Кинез пливал речиси 10 часа од кинеската провинција Фуџиан до тајванските острови Мацу во обид да „избега кон слободата“. Тој побарал помош од туристите на островот Беиган, вториот по големина остров на островите Мацу, откако го искасала пчела. Туристите ги известиле локалните власти кои пристигнале на местото на настанот и потврдиле дека се работи за илегален кинески имигрант, пишува „Индипендент“.

Официјален претставник потврди дека кинескиот државјанин бил пренесен во медицинскиот центар Беиган, истакнувајќи дека неговите повреди не се сериозни. Кинезот со себе носел храна, облека, лекови и пари. Тој им кажал на властите дека тргнал на патување од полуостровот Хуангки во кинеската провинција Фуџиан до островите Мацу во Тајван во „потрага по слобода“.

Растојанието помеѓу полуостровот Хуангки и островот Беиган е околу 12 километри. Кинезот бил однесен во Окружното обвинителство во Лиенчианг. Кина ги засили своите воени активности околу Тајван во последниве години, тврдејќи дека Тајван е обврзан да се обедини со Пекинг, доколку е потребно со сила, и дека нема право да одржува надворешни односи.

Тајван е самоуправен откако се одвои од копното во 1949 година по граѓанска војна. Инаку, ова не е прв ваков случај. 45-годишен кинески државјанин беше уапсен во 2020 година откако пливаше седум часа за да стигне до островот Кинмен во Тајван поради „политичкото опкружување“ во Кина. Тој беше уапсен поради илегален влез во Тајван.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот