Кинески градови бележат рекордно високи температури за овој дел од годината

Вухан/Фото EPA-EFE/ALEX PLAVEVSKI

Температурите во повеќе од десет кинески градови достигнаа рекордно високи бројки за овој дел од годината. Вухан и Џенгџоу во централна Кина бележат температури дури за 10 степени Целзиусови повисоки од просекот, покажаа официјалните податоци, пренесува „Гардијан“.

Вухан, кој се наоѓа на средниот тек на реката Јангце, регистрираше температури од 26 степени Целзиусови во понеделникот, 12 степени повисоки од долгорочниот просек на почетокот на март, додека Пекинг и околните градови, исто така, забележаа температури кои достигнаа 25 Целзиусови степени претходно оваа недела.

Кина минатата година доживеа екстремни горештини, при што 267 метеоролошки станици соборија рекорди, измерени температури над 40 степени за време на 70-дневната летна суша што го погоди целиот слив на реката Јангце, предизвикувајќи пожари и оштетувајќи ги посевите.

Метеоролошкиот завод на земјата предупреди дека 2023 година ќе биде уште една година на екстремни временски услови како резултат на глобалните климатски промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот