Кинеската Амбасада во Вашингтон забележала закани

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунџуинг денеска изјави дека кинеската Амбасада во Вашингтон примила закани со бомба и со смрт, за што ја обвини американската администрација.

„Како резултат на клевети и омразата на американските власти, кинеската Амбасада доби закани со бомба и со смрт”, напиша таа на Твитер, пренесуваат британските медиуми.

Претходно денеска беше објавено дека САД побараа затворање на кинескиот конзулат во Хјустон „со цел да се заштити американската интелектуална сопственост и приватните информации на Американците”.

Кина соопшти дека Вашингтон одеднаш и без објаснување побарал кинескиот конзулат во Хјустон, Тексас, да биде затворен без одложување, што официјален Пекинг остро го осуди и се закани со реципрочни мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот